Истражување: Образованието потфрли со онлајн наставата, средните училишта не се подготвени
Образовниот систем не е подготвен за е – настава покажува истражувањето на ЛЕАД спроведено од 25 мај до 15 јуни.
Асоцијацијата со истражувањето како течело спроведувањето на далечинското учење опфатила 407 наставници и 627 ученици од средни училишта во земјава.
ЛЕАД предлага унифицирана платформа за онлајн настава и обука на наставници. Главни причини поради кои образовниот систем не покажа резултати од далечинското учење се слабата употреба на дигиталните алатки во годините пред Kовид кризата, начинот на кој се одвивала наставата, недостиг на компјутери и брз интернет. Ниту едно училиште не спровело евалуација за тоа како течела онлајн наставата.
Од ЛЕАД предлагаат училиштата да закупат Зоом простор кој според нив не чини многу а ќе придонесе еднаков модел на учење за сите. Неопходно е да има квалитетна настава без разлика дали ќе биде со физичко присуство во училиштата или ќе продолжи далечинското учење.
Мирјана Давидовска
Ново на Сител
-
Муртезани: Неодбивањето на предлогот за одложено дејство на Фор дер Лајен остава простор за решение
-
Шилегов обвини дека СДСМ е заробена, партијата му одговори дека Филипче е избран демократски
-
Филков: Време е за освежување во Комисијата за помилување
-
Претседателот на ЗЕЛС ги кани на состанок Костадинов и Јакимовски
-
Ленин Јовановски во Белград разговарал за донација на автобуси на Скопје
-
Шест нови лета од Скопје и Охрид
-
ССМ: Наместо граѓаните, корист од замрзнатите маржи имаа трговците
-
Преглед на вестите од светот