Истражување на авиокомпании: Брзите тестови подеднакво ефикасни како и карантинот
– Брзи антигенски тестови по враќањето на патниците од патување можат да бидат подеднакво ефикасни како карантин во запирање на увезените случаи на Ковид-19, покажуваат податоците од новата студија за која туристичката индустрија се надева дека ќе ги убеди земјите да ги отворат своите граници во текот на летото.
Истражувањето, направено по барање на сопственикот на Бритиш ервејс IAG, Вирџин Атлантик и други, покажа дека брзите тестови за антигени по враќањето во земјата се подеднакво ефикасни како и десетдневна самоизолација кога станува збор за намалување на бројот на увезени случаи на Ковид-19.
Минатата година, британските правила за десетдневен карантин по враќањето во земјата за патниците од повеќето земји ја уништија туристичката индустрија затоа што ги одвратија луѓето од патување.
По една година ограничувања и минимални приходи за авиокомпаниите, тие се надеваат дека ќе почнат патувањата, а кога тоа ќе се случи, тие сакаат на списокот на дестинации да има што помалку места за кои треба да се применат карантински мерки по враќањето.
– Веруваме дека меѓународните патувања можат да продолжат безбедно преку постепено ублажување на потребите за тестирање и гранични ограничувања со проценка на ризик базирана на наук“, изјави извршниот директор на Вирџин Атлантик, Шаи Вајс.
Ново на Сител
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија
-
Неизвесен победникот на претседателските избори во Полска
-
Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица
-
33-годишна жена загина, а шест лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар
-
Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени
-
Коњановски ја посети локацијата каде падна кран на градежен објект во Битола
-
ОЈО поведе постапка против скопјанец за семејно насилство кон партнерката и нејзината мајка