Истражување: Минатата година намален бројот на терористички напади
Бројот на убиени во терористички напади во 2016 година е намален, но повеќе држави биле погодени од напади на терористи. Тоа се наведува во Светскиот индекс за терористички напади објавен во Лондон.
Според Индексот, во 2016 година во терористички напади загинале 25.673 луѓе, што е за 22 отсто помалку во споредба со 2015 година. Бројот на убиени во терористички напади е намален во четири од петте најпогодени држави со тероризам – Сирија, Пакистан, Авганистан и Нигерија.
Петтата најпогодена држава – Ирак, како што се наведува во Индексот, продолжува да плаќа висока цена и таму се зголемени бројот на напади на ИД. Само во 2016 година загинале 9.765 луѓе.
Во минатата година од тероризам биле погодени 77 држави. Тоа е за 12 држави повеќе отколку во 2015 година кога терористички напади се регистрирани во 65 држави.
За европските држави се нагласува дека минатата година била најсмртоносна во однос на терористички напади од 1988 година.
Индексот е создаден во 2012 година и користи податоци од Глобалната база информации за тероризам, што ја води државниот Универзитет во американската држава Мериленд.
Индексот го подготвува Иследничкиот центар на австралискиот Институт за економија и мир и се објавува во Лондон.
Ново на Сител
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени