Истражниот тим на СЗО го посетил пазарот во Вухан, со цел да го открие потеклото на вирусот

Истражниот тим на Светската здравствена организација (СЗО), кој е под строг надзор на кинеските власти кои го бараат потекло на коронавирусот, го посети пазарот во Вухан, кој беше центар за дистрибуција на храна за време на заклучувањето од 76 дена минатата година.
Истражниот тим на СЗО, кој се состои од експерти од областа на ветеринарната медицина, вирусологијата, епидемиологијата, технологијата и безбедноста на храната, ги посети вчера, придружувани од поголема група кинески колеги, двете болници кои беа жарите на епидемијата, пренесува АП.
За време на оваа мисија, според агенцијата, придружена со политички притисок поради напорите на Кина да избегне обвинувања за погрешни одлуки во текот на првите денови од епидемијата, членовите на тимот на СЗО вчера ја посетија изложбата посветена на избувнувањето на епидемијата на коронавирус.
СЗО претходно објави дека членовите на истражниот тим нема да имаат контакти со локалната заедница поради ризик од ширење на вирусот корона.
Кинеската влада се залага за теоријата дека епидемијата започнала поради вирус увезен во замрзната морска храна, неоснован во валидни докази.
Ново на Сител
-

Трамп менува 30 амбасадори - меѓу нив и Агелер
-

Бела куќа: Од јануари собрани „235 милијарди долари од царини“
-

Руски генерал загина во напад со автомобил-бомба во Москва
-

Рим ќе наплаќа влез за фонтаната Ди треви
-

Најстудено во Берово и Виница
-

Американец со потекло од Нигерија нападнал полицаец во Градски парк, носел пиштол и големо количество муниција
-

Седница на Советот на јавни обвинители, на дневен ред назначувањето вршител на должност на местото на Коцевски
-

Виткоф ги нарече мировните преговори за Украина „продуктивни и конструктивни“
