Истрагата за загинувањето на две лица во Рудникот „Бучим“ кај Радовиш се уште е во тек
Три месеци по загинувањето на две лица во Рудникот „Бучим“ кај Радовиш се уште трае истрагата за причините за овој трагичен настан во кој загинаа двајца членови на Алпинистичкиот клуб „Плоча“ од Радовиш кои биле ангажирани за чистење на високо недостапни силоси.
Од Јавното обвинителство информираа дека ОЈО Радовиш при вршење на увидот издало насоки и наредби за обезбедување и вештачење на траги и докази од местото на настанот.
-Издадени се барања за податоци, документација. Сослушани се повеќе лица кои можат да дадат податоци потребни за расчистување на настанот. Обвинителството ги очекува извештаите од наредените вештачења. Во меѓувреме се преземаат и други дејствија во насока на утврдување на факти во предметот. По прибирање на материјалните и вербалните докази, нивно разгледување и анализа, јавниот обвинител ќе донесе одлука за натамошниот тек на постапката, стои во информацијата од ЈО.
Во несреќата, која се случи на 13 октомври лани загинаа алпинистите Зоран Мајсторски и Драган Станишков и двајцата од Радовиш.
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
