Истрагата им го уништи бракот: Се разведуваат поради убиството на Јелена

Бруталното убиство на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ стави и крај на некои бракови поради сомнежот кој е фрлен на сите, со оглед на тоа дека и по два месеци убиецот шета на слобода. Во редакцијата на српскиот Ало се јавил извесен Милан Л. кој тврди дека истрагата за убиството на ѕвездата на Гранд му го уништила бракот. Нему не му паднало тешко тоа што го однеле на сослушување во полициска станица, но му паднало тешко да и објасни се на својата сопруга Рада.
- Кога бев во полиција и ме испрашуваа, по што видоа дека не сум виновен ми олесна. Јас не би направил такво нешто. Но, хаосот ме дочека кога морав на сопругата да и објаснам зошто сум бил во полиција и што сум барал во Црвенка, вели тоа за Ало.
Таа почнала да му вика и да го прашува што имал со Јелена за да го испрашуваат. Барала развод од него бидејќи не му верувала во тоа што и го кажува.
Тој објаснува дека безбедносните камери му го снимиле автомобилот кој поминувл низ местото неколку дена по убиството, но тој не можел сето тоа да и го објасни на сопругата Рада.
За потсетување, Јелена беше убиена на 2 април на насипот кај Црвенка во Борча.
Ново на Сител
-

Повреден Македонец дома ќе се враќа со владиниот авион
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Гостиварци да не плаќаат за вода, предлага народниот правобранител
-

Бројката на потврдени случаи на западно-нилска треска стигна до 20
-

Жештината го нарушува и менталното здравје - сè повеќе психички тегоби за време на екстремните горештини
-

Битолчани најнедисциплинирани со електрични тротинети
-

Инфлацијата падна на двегодишен минимум
-

Индустријата бележи раст, но рударството останува најслабата алка
