Истрага против тројца турски државјани, му се заканиле дека ако не им даде 40.000 евра ќе го убијат

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против тројца турски државјани за кои постојат сомненија дека сториле кривично дело „изнуда“ со сериозна закана по живот, присилиле еден оштетен, исто така државјанин на Република Турција, да им исплати 40.000 евра.
Како што информираат од Обвинителство тројцата осомничени се товарат по член 258 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
- Оштетениот на 6 септември дошол во државава со намера да отвори фирма за градежништво и ИТ, а првоосомничениот, кој според досегашните сознанија се наоѓа во Дубаи, го контактирал телефонски преку мобилна апликација. Му се заканувал и му барал различни суми во износ до 70 илјади евра. Му испраќал и пораки со заканувачка содржина дека ќе го најде и во Македонија и ќе го убие доколку не продолжи да му плаќа рекет. На 28 септември во земјава пристигнале другите двајца осомничени, од кои едниот внук на првоосомничениот и веднаш го контактирале оштетениот со намера да ги земат парите. Се договориле да се сретнат со жртвата во еден трговски центар, па кога тој им го предал ковертот во кој се наоѓале обележани парични средства веднаш биле лишени од слобода, се вели во соопштението од ЈОРСМ.
Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да ги прикријат трагите или да влијаат врз сведоците, како и особени околности што го оправдуваат стравот дека ќе го повторат кривичното дело, јавниот обвинител предложил на двајцата уапсени осомничени да им биде определена мерка притвор. Во однос на првоосомничениот, се преземаат дејствија за негово лоцирање со цел обезбедување за натамошната постапка.
МИА
Ново на Сител
-

Жолто ниво на предупредување од поплави, постои потенцијална опасност од излевање на реките
-

РКЕ следната недела ќе ги утврди тарифите за пренос и дистрибуција на струја, нема да има поскапување
-

Фонд на ПИОМ: Исплатата на пензиите не е загрозена, тие ќе пристигаат секој први во месецот
-

Црногорската полиција разби мрежа на проруски платеници, уапсен државјанин на БиХ со 1,5 милион евра
-

Парното греење поскапува 1 декември, сметките повисоки за околу 130 денари
-

УХМР: Зимата 2025/2026 ќе биде малку потопла од просекот, со просечни врнежи и изразени месечни осцилации
-

Мицкоски: Нема да има ценовен шок за домаќинствата, Владата ќе продолжи да ја субвенционира цената на струјата
-

Три лица приведени поради закани кон кавадарчанец и член на неговото семејство
