Истрага против дилер на марихуана во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 19-годишник со живеалиште во Гевгелија на 31 август бил затекнат од полициски службеници на улицата “Наум Евро” во Скопје, во близина на детска градинка, со 100 најлонски зипер ќесички наркотична дрога – марихуана со вкупна маса од околу 80 грама, наменети за неовластена продажба.
Кога ги забележал полициските службеници, тој веднаш се дал во бегство и се обидел да се ослободи од дрогата, фрлајќи ја во двор од ненаселена куќа. Полицајците ја обезбедиле дрогата, а потоа го фатиле и осомничениот. Тој извесно време давал активен отпор и се обидувал да избега, но бил совладан.
Поради опасноста од бегство и можноста осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог да му биде определена мерка притвор, соопшти обвинителстото.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова и Мисајловски на одбележување на „25-годишнината од усвојување на Резолуцијата на 1325 на ОН – Жени, мир и безбедност”
-

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори
-

Раст на извозот на земјоделско-прехранбени производи од ЕУ во јули 2025
-

Венс ги брани нуклеарните тестови, додека ОН предупредува на ризик од ескалација
-

Претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди, свежи утра и високи дневни температури
-

Ѓорѓиевски: На 2 ноември масовно да излеземе на гласање и заедно да му го вратиме сјајот и редот на нашето Скопје
-

Мицкоски: Темелот е поставен, по изборите почнува фазата на жестока работа и големи резултати
-

Талент од Македонија меѓу најдобрите на „Пјер Карден“ во Париз | Марија Роглева | Sitel Podcast 120
