Истрага против дилер на марихуана во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 19-годишник со живеалиште во Гевгелија на 31 август бил затекнат од полициски службеници на улицата “Наум Евро” во Скопје, во близина на детска градинка, со 100 најлонски зипер ќесички наркотична дрога – марихуана со вкупна маса од околу 80 грама, наменети за неовластена продажба.
Кога ги забележал полициските службеници, тој веднаш се дал во бегство и се обидел да се ослободи од дрогата, фрлајќи ја во двор од ненаселена куќа. Полицајците ја обезбедиле дрогата, а потоа го фатиле и осомничениот. Тој извесно време давал активен отпор и се обидувал да избега, но бил совладан.
Поради опасноста од бегство и можноста осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог да му биде определена мерка притвор, соопшти обвинителстото.
МИА
Ново на Сител
-

Една недела дена пред вториот круг од локалните избори
-

Мацут за „Политика“: Европската иднина на Србија не е само политичка цел, туку и гаранција за подобар живот за граѓаните
-

Рубио вели дека САД разгледуваат опции за распоредување меѓународни сили во Газа
-

Трамп не сака средба со Путин се додека не биде сигурен за постигнување договор за мир во Украина
-

Стартува зимскиот ред на летање на аеродромите во Скопје и Охрид
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Дмитриев: Решение за Украина може да се најде брзо ако се испочитуваат три прашања битни за Русија
-

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз
