Свет
26. February 2016 - 11:27

Истрага поради корупција во управата за регистрирање мигранти во Берлин

Две лица се уапсени во Берлин во рамки на истрагата за корупција во управата за регистрација на мигранти Лагесо во Берлин, соопшти државното обвинителство.

Истрагата е насочена кон четири сомнителни лица, шефот на службата и шефот на берлинската фирма за обезбедување и тие се приведени, каки и двајца вработени во истата фирма, кои се пуштени да се бранат од слобода. 

Персоналот на Државната канцеларија за здравство и социјална заштита (Лагесо) се сомничи дека повеќе пати минатата година примиле износи од пет илјади до десет илјади евра по лице од шефот на фирмата за обезбедување, се наведува во соопштението. 

Персоналот морал да гарантира дека при доделувањето на задачата за вршење на надзор на бегалските центри ќе се има предвид фирмата, од која добиле мито.