Македонија
10. December 2021 - 21:18

Историската комисија во ќорсокак - дали е време за промени?

Неуспехот на работата на историската комисија мора да доведе до одредени промени. Промени во кадровскиот состав, но и во методологијата на работа, смета бугарскиот професор Стефан Дечев.

Историчарот вели дека постоењето на Комисијата е неопходно за спроведување на Договорот за добрососедство, но конкретни резултати би можеле да дојдат со нови лица. Дечев издвојува неколку имиња од двете страни, за кои вели дека можат да допринесат кон попозитивна клима во работата на Комисијата.  

Бугарскиот професор оценува дека негативната атмосфера во Комисијата датира уште од летото 2019 година, кога е нарушена довербата меѓу двете страни.

Од тогаш, според Дечев, и македонските и бугарските историчари застапуваат различни позиции. 

За универзитетскиот професор од Софија решението лежи во тоа да се најде начин како да се прикажат двете истории. Тоа ќе го одржи и Договорот за добрососедство, но и ќе доведе до зближување на двата народа, смета Дечев.