Loading Video...
Свет
19. November 2026 - 12:22

Историска средба меѓу Трамп, Си и Путин во Кина: „Мораме да учиме од историјата и заедно да ги решаваме проблемите“

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ги пречека светските лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, на групна фотосесија на самитот на АПЕК во Шенжен. Трилатералниот состанок ги сора лидерите на трите најголеми нуклеарни сили во светот на необичен дипломатски собир кој би можел да го покаже нивното влијание, но веројатно нема да доведе до големи договори, велат аналитичарите.

Средбата доцнеше со почетокот 90 минути, а се очекува фокусот да биде глобалната безбедност, меѓународната трговија, енергетиката и војните во Украина и во Иран. Некои политички аналитичари овој собир го сметаат и го споредуваат со состанокот на врвот во 1945 година на Јалта кога се состанаа претставници на Советскиот Сојуз, САД и Велика Британија – Сталин, Рузвелт и Черчил.

Американскиот претседател Трамп веќе имаше средба  со рускиот претседател Путин на маргините на самитот на АПЕК во Шенжен, Кина.

„Имаме одличен однос многу години. Се познаваме долго време и мислам дека од ова можат да произлезат многу прекрасни работи, или барем да започнат. Но, мислам дека ќе произлезат од ова“, му рече Трамп на Путин. Средбата траеле околу 40 минути.

Од Кремљ изјавија дека: „Путин е во одлично расположение“ по разговорите со Трамп и дека Украина била главна тема на нивниот разговор.

За време на средбата продолжија и руските напади врз Киев, а украинските сили повторно го погодија мостот на Крим.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изрази надеж дека американскиот претседател и кинескиот претседател ќе извршат притисок врз рускиот претседател да ја прекине војната во Украина, оценувајќи дека САД и Кина имаат доволно влијание за тоа.

Си и Трамп својата билатералната средба ја завршија по само 13 минути. На разговорите биле отворени економски и безбедносни прашања, а меѓу главните теми на кои постојат разлики меѓу двете земји е и прашањето за Тајван.
Инаку во воведните зборови на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), Си рече дека отворената соработка е единствениот пат кон развој и ревитализација на регионот, повикувајќи ги членовите да ги продлабочат економските врски и да промовираат послободна трговија и инвестиции.

Кина, исто така, ќе воспостави институции за соработка во области како што се дигиталната технологија, прекуграничниот проток на податоци, чистата енергија и развојот на мали и средни претпријатија, придонесувајќи за раст поттикнат од иновации и зелен раст во Азиско-пацифичкиот регион, рече Си.