-->
-->
Историска посета: Тајниот гостин во Пекинг бил Ким - еве за што зборувал со кинескиот лидер
-->

Престојот во Кина е прва посета на Ким од преземањето на функцијата во 2011 година.
Ким и Си имаа „успешни разговори“, јави кинеската новинска агенција Синхуа, дополнувајќи дека посетата на севернокорејскиот лидер се остварила на покана на неговиот кинески колега.
Официјален Сеул потврди дека раководството на Јужна Кореја било информирано за средбата.
Ким потврдил дека е подготвен да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, откако неколку месеци беа разменуваа закани меѓу Пјонгјанг и Вашингтон поради севернокорејската нуклеарна програма.
Ким соопштил дека е подготвен да се откаже од нуклеарната програма, но со неколку услови.
- Прашањето за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров може да биде решено доколку Јужна Кореја и САД одговорат на нашите напори со добра волја, доколку создадат атмосфера на мир и стабилност додека преземаат прогресивни и синхронизирани мерки за постигнување на мир. Северна Креја е подготвена за дијалог со САД и на средба со американски претсатвници, истакна Ким.
Аналитичарите наведуваат дека средбата со кинескиот колега е подготовка за Самитот со САД и Јужна Кореја во април.
- Нашата постојана позиција е да се ангажираме за целта - Корејскиот Полуостров без нуклеарно оружје, согласно волјата на покојниот претседател Ким Ил-сунг и генералниот секретар Ким Џонг-ил, изјави севернокорејскиот лидер, споменувајќи ги неговиот дедо и татко.
Севернокорејската новинска агенција КЦНА ја оквалификува посетата како „пресвртница“ во подобрувањето на билатералните врски со Кина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Доживотна казна затвор за убиството на Вања и Панче, ослободителна пресуда за Ѓорчевски
-
Инфраструктурни и медицински проекти на Детската клиника
-
НАТО Самит во Хаг
-
Славески препорачува намалување на банкарските провизии
-
Незадоволство во Бугарија по усвојувањето на извештајот за Македонија во ЕП
-
Како во едно големо семејство се одвива рехабилитацијата на повредените на Пониква
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-
Вработените во јавниот сектор ќе примаат подароци до 50 евра, без да се сметаат за мито