Историчари од земјите од поранешна СФРЈ усвоија Декларација со порака историската наука да не се користи за политички цели
Историската наука ја злоупотребуваа политичарите, медиумите, многу интересни групи, но и самите историчари. Историскиот ревизионизам се применува за да се одржат старите и да се создадат нови митови, да се зајакнуваат стереотипите, да се развивааат предрасудите и омразата кон соседите.
Ова е дел од содржината на Декларацијата – Да ја одбраниме историјата, која беше промовирана викендов во Белград на последната конференција, во рамки на регионалниот проект „Кој прв почна?“.
Изминативе три години во рамките на проектот историчари од регионот (држави настанати со распадот на СФРЈ) дебатираа и дискутираа во врска со користењето, поточно злоупотребата на минатото во политички цели, како и за ревизионистичкиот пристап кон историјата со кој се соочуваат нашите општества. На дебатите, кои беа реализирани во рамките на проектот „Кој прв почна?“ учествуваа историчари од Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.
Поради оваа појава, се додава во текстот, во нашите општества се бришат јасните морални координати, се губи границата помеѓу фашизмот и антифашизмот и се создава опасност да се повторат злосторствата од минатото.
– Денес историјата е простор каде војните настанати со распадот на СФРЈ продолжуваат да се водат со „други средства“. Овие војни се на најдобар пат да станат подложни на политички манипулации како и Втората светска војна. Годишниците и јубилеите се користат за националистичка мобилизација и зацврстување на авторитарната власт. Нема пиетет, ниту емпатија за „туѓите“ жртви. Нема ниту обид, со дистанца од речиси триесет години од почетокот на овие војни, секоја страна да се соочи со сопствената улога и одговорност. Денес историјата е „резервна воена позиција“ на која тлеат непријателствата кои ги разоруваат нашите општества, се вели во Декларацијата.
Во проектот, кој беше реализиран од страна на белградската невладина организација Крокодил, освен Тодоров учествуваа и Дубравка Стојановиќ, Божо Репе, Твртко Јаковина, Хуснија Камберовиќ, Аднан Прекиќ, Миливој Бешлин.
Ново на Сител
-
Вучиќ повика на објавување на документацијата за Железничката станица во Нови Сад која ја бара Градежниот факултет
-
Фицо: Се подготвува список на луѓе кои ќе бидат протерани од Словачка во врска со обидот за државен удар
-
Со пиштол на дијаболи повредено девојче во скопско училиште
-
Лишени од слобода двајца полициски службеници поради оддавање на службена тајна | ФОТО
-
Да нема преименување на градските улици, Сојуз на борците со отворено писмо до Касами
-
Израел ослободи 70 Палестинци, од предвидените 200
-
Со „паметни часовници“ до автоматски повик на 112 во ЦУК - надоградувањето на системот продолжува со напредокот на технологијата
-
Таткото на 15-годишникот што управувал со автомобил во кој е пронајдено оружје добил кривична