Истекува мандатот на Богов, се чека Иванов да предложи негов наследник
Седумгодишниот мандат на актуелниот гувернер на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов истекува на 21 мај годинава. Засега нема предлог кој ќе го наследи, но од Кабинетот на претседателот на Република Македонија велат дека постапката за избор ќе се спроведе согласно закон и праксата во изминатите години.
- Изборот на гувернер на НБРМ на Република Македонија е предвидено согласно Закон за НБРМ и ќе се спроведе согласно досегашната праска, а тоа значи дека од осамостојувањето не се случило да нема гувернер на Народната банка на Република Македонија, истакнуваат од Кабинетот на претседателот на РМ.
Димитар Богов е избран за гувернер на Народната банка на Република Македонија во март 2011 година, а на функцијата стапи на 21 мај 2011 година, од кога и започна неговиот мандат.
- Времетраењето на мандатот на членовите на Советот на НБРМ, меѓу кои е и гувернерот и претседавач на Советот, утврдено е во чл. 49 од Законот за Народната банка на Република Македонија. Согласно овој член од Законот, мандатот трае седум години. Оттука, мандатот на гувернерот Димитар Богов трае до 20 мај годинава, посочуваат од НБРМ.
Согласно Законот, гувернерот се избира на предлог од Претседателот, кој го доставува до Собранието и се гласа на седница со просто мнозинство.
Наследниот на Богов ќе биде петтиот по ред гувернер на Народната банка на Република Македонија. Од 1992 година оваа функција ја извршуваа Борко Станоевски, Љубе Трпески, Петар Гошев и актуелниот Димитар Богов.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Никола Димитров, екс министер за надворешни работи
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла
-
Четири лица завршија на токсикологија од пожарот во Трубарево – утре ќе се знае колку и со што е загаден воздухот
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за пожарите и штетниот воздух
-
312 кандидати за градоначалници во 80 општини и Скопје, 18 се за главниот град
-
Сашко Јанчев од Левица удрил во двајца малолетници на мопед и е приведен во полиција
-
Хаос во образовниот процес во Кочани