Испукала 10 куршуми во зетот и славела: Фала му на Господ мртов е!
Синтија Кдебака (65) го убила својот зет. Покасно во полиција изјавила дека ја злоставувал и дека убиството го планирала две недели. Во зетот испукала најмалку 10 куршуми.
Не ми е грижа, би го направила тоа повторно, фала му на Господ, го убив, изјавила жената пред шокираните инспектори, станала и почнала да слави. Синтија го убила својот зет во февруари 2014 година.
Инспекторите во вторникот на поротата во Калифорнија и го покажале славењето на жената како доказ дека не се кае. Синтија и изјавила на полицијата де го планирала убиството 2 недели. На денот кога го убила , таа и зетот се скарале.
- Се облеков и требаше да искочам од дома, а тој ми кажа дека не можам таква да искочам, изјавила жената пред инспекторите. Во зетот Џоварта пукала 10 пати и најмалку два пати го полнела оружјето.
По десет обиди Џоварта бил ранет. Влегол во куќата и ја заклучил вратата, а Синтија продолжила да пука низ вратата. Влегла во куќата и застанала над зетот кој умирал. Синтија изјавила дека таа и семејството пателе со години од злоставувањето на Џоварти.
- Ми беше жал за мене, за сите нас. Сите се плашевме од него. Ми беше жал за мојата ќерка. Пред 13 години и дека тој е ѓавол.
На видеото се глед како Синтија се опростува од своето семејство пред да оди во затвор. Синтија по убиството го изела својот доручек, отишла да се коцка и го посетила својот омилено кафуле, пишува Дејли Меил.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Со 18.000 гласови, Филипче нема легитимитет
-
18-годишник од Штип возел 114 на место каде што дозволено 50
-
Македонските кикбоксери од Европскиот куп „Гранд при Сараево 2025“ се враќаат со 56 медали
-
Малолетничка загина во тешка сообраќајка, уапсен 19-годишен возач на „голф“
-
Мерц: Можно е најлошото допрва да доаѓа
-
Македонија влегува на светските карти за планинарски патеки
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Приведени крадци од Битола и Прилеп