Исповед на силувана девојка: Запознав трoјца, испив пијачка и повеќе на ништо не се сеќавам

За две туристки одморот од соништа се претвори во ноќна мора и од одморот од Хрватска се враќаат со траума која ќе памтат цел живот. Во првиот случај 25 годишна Канаѓанка пријавила дека е силувана од страна на непознати мажи, тоа се случило во саботата. Во својата изјава во полиција рекла дека околу 2 часот наутро во Сплит запознала тројца непознати момци, кои после дружењето и понудиле превоз до сместувањето, пренесуваат хрватските медиуми.
Во текот на возењето се напила пијачка, по што не се сеќава на ништо што се случувало покасно. Утрото се разбудила во кревет со непознат маж. Како што изјавила во полицијата, не знае што точно се случило, но претпоставува дека во пијачката и ставиле дрога, по после тоа била силувана.
Во другата пријава за силување исто така наводно силувачи тројца непознати мажи и дека тоа се случило ноќта меѓу недела и понеделник пола час после полноќ. Жртва е 18 годиша Австијка која пријавила дека во дискотека на плажа запознала едно момче, кое со помош на двајца пријатели кои ја држеле, ја присилил на интимен однос.
„Лето е, што да ви кажам. Ние овакви ситуации имаме по десетина секое лето и некогаш се случува девојките да пријават силување, а потоа кога механизмот ќе почне со работа, одбиваат соработка со нас, не сакаат да ја дадат облеката на вештачење и одбиваат гинеколошки преглед“ изјавил еден полицаец за Слободна Далмација.
Ново на Сител
-

Реализирани над 65 проценти од проектот за реконструкција и проширување на охридскиот аеродром
-

ЈПДП потсетува дека од 15 јуни лентите за MTAG ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови
-

Кина: Почнавме специјална поморска операција во близина на Тајван
-

Приведен 40-годишен жител на Свети Николе, пронајдени марихуана и семки од канабис
-

Папата пред повеќе од милион луѓе на миса во Мадрид ги повика младите да пронајдат вера
-

Зверев го израмни рекордот на Ферер за најмногу победи на Ролан Гарос од страна на играч без титула
-

Хамилтон за ГН на Монако: Знаете како одат овие трки, ќе биде многу тешко да се престигне
-

Пукање на фестивал во САД, најмалку 12 ранети
