Испораката на огревното дрво ќе задоцни и годинава надлежните најавуваат решение
Граѓаните и годинава ќе чекаат да ги добијат дрвата. И покрај навреме склучените договори и уплатените пари Македонски шуми доцни со испораката. Од претпријатието проблемот го лоцираат кај тендерите за избор на фирми кои ги вршат шумските услуги. Количините се намалени и поради пожарите кои изминатиов период ја зафатија земјава. Но и покрај тоа раководството смирува дека проблемот ќе биде решен.
Претпријатието годинава за потребите на граѓаните ќе испорача околу 70 000 метри кубни. Цената во склучените договори се движи до 2500 денари по кубик плус транспорт. Склучени договори за извоз досега нема.
Во приватните складишта пак велат дека има се помалку огревно дрво. Не сакаа да зборуваат пред камера но велат дека побарувачката периодов е зголемена. Се надеваат дека ситуациојата ќе се стабилизира. Очекуваат увоз на дрва од Србија.
Кај нив буковото дрво се продава по цена од 3 600 а дабовото по 3 700 денари кубик со вклучен превоз и сеча.
-
Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар