Исплатени над 5,7 милиони евра финансиска поддршка за земјоделците
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска исплати 354.700.000 денари или над 5,7 милиони евра финансиска поддршка за одржување на земјоделски површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади, произведен сертифициран семенски и саден материјал, заклани гоеници, бројлери и амортизирани несилки во кланица, продадени градинарски култури во преработувачки капацитети како и за рурална инфраструктура.
- Имајќи ја предвид заложбата на Владата на Република Македонија за развој на земјоделството и обезбедување на континуирана поддршка на доходот на земјоделските стопанства, исплатата на субвенциите ќе продолжи следниот период за сите земјоделци кои поднеле барање и ги исполниле пропишаните услови, се вели во соопштението од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Оттаму информираат дека по одржаната средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски со претставниците на винарските визби, ќе се направат напори во најкус рок да се намират финансиските обврски кон визбите со цел непречено одвивање на откупот од овогодинешниот род на грозје.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ
-
Вработените ќе паркираат на „Лимак“ за да се ослободат повеќе паркинг места на клинички
-
Недостигаат анестезиолози и медицински сестри
-
Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост - Богданци од 4,8 км
-
Во детското одмаралиште „Малешево“ две децении нема деца