Исплатени 222 милиона денари за трета фаза произведено и предадено млеко
Платежната агенција во еден ден, без селекција на сметките на 7.877 фармери кои исполнуваат услови за добивање финансиска поддршка, исплати 222 милиона денари за субвенции за трета фаза произведено и предадено млеко, односно, за млеко предадено на преработувачки капацитет во период од мај до септември 2018 година.
-Се заокружува исплатата на прва, втора и трета фаза за субвенциите за предадено млеко во текот на минатата година. Вкупно досега за сите три фази по Програмата за финансиска поддршка за 2018 година се исплатени се 476 милиони денари, за субвенции за кравјо млеко од 3,5 денари за литар, и за субвенциите за козјо и овчо млеко по 4,5 денари за литар, информира Агенцијата.
Според директорот Николче Бабовски, Владата од почетокот на мандатот до денеска исплати вкупно 331 милион евра финансиска поддршка во агро секторот. – Докажуваме дека целосно сме посветени на модернизација, развој и поддршка на нашето земјоделство, нагласува Бабовски.
Ново на Сител
-
Остра реторика и обвинувања меѓу партиите пред стартот на изборната трка
-
Преглед на вестите од светот
-
Подметнат пожар во сервис за возила во Пинтија
-
Мицкоски: МВР засилено работи на откривање на подметнувачите на пожарите
-
Тошкоски: За една недела се палат сите отпади и депонии околу Скопје
-
СДСМ: На Мицкоски не може да му се верува
-
Безбедноста на посетителите приоритет за претстојната „Штипска пастрмалијада“
-
Не запира рибокрадството