Исплата на јануарските пензии на 26 јануари
Владата вечерва на четвртата седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за јануари 2022 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 јануари 2022 година.
Како што соопшти владината Прес-служба, деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26 јануари 2022 година.
Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички ќе се изврши во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:
За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26 јануари 2022 година, а за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27 јануари 2022 година.
За пензиите, пак, со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28 јанаури 2022 година и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31 јануари 2022 година.
Владата на седницата за државен секретар на Министерството за внатрешни работи ја именуваше Магдалена Несторовска, која што и досега ја извршуваше оваа должност, а Сашо Тасевски го назначи за директор на Бирото за јавна безбедност при МВР, кој, исто така, и досега беше на оваа должност.
Ново на Сител
-
Во Зрновци ќе се гради дом за стари лица со капацитет од 75 легла
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија ќе ги укине царините кон САД
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
7 специјализанти добија решенија во охридската болница
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми