Исмет Гури се предаде
Исмет Гури, поранешниот заменик директор на УЈП, за кого беше распишана меѓународна потерница, денеска сам се пријавил во полиција и веќе е во затвор, потврдија од МВР.
Гури беше во куќен притвор поради примање на редовна терапија за здравствените пробеми кои ги имал, но во почетокот на годинава избега, по што беше распишана меѓународна потерница по него. Тој лани беше уапсен заедно со 15 лица меѓу кои и бизнисмени и инспектори од Управата за јавни приходи, под сомневање за злосторничко здружување, даночна измама, перење пари и кражба на 840 илјади евра од дирекцијата каде што работел.
Гури избега од куќниот притвор откако обвинителството по жалба побарало куќниот притвор да му се преиначи во ефективен притвор во Шутка. Против Исмет Гури, заедно со Ејуп Алими, се водеше и случајот „Титаник 3“ за уништување изборен материјал во Чаир за време на локалните избори 2013 годината, во кој судот по повтореното судење минатата година им изрече неправосилни затворски казни од по три години и шест месеци.
Ново на Сител
-

Три случаи на морбили во Македонија - опасност од ширење на локално ниво
-

Охрид една од најбараните локации за купување станови
-

Собирен центар за текстилен отпад во Штип
-

По 19 пат „Фестивал на костенот“ во М. Брод
-

Само 8% од ромките се вработени, економска зависност и насилство
-

Бугарија утре го бира новиот претседател - Јотова и Ѓуров во финалната трка
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
