Исмаили на средба со полскиот амбасадор: Полска и Северна Македонија со одлична културна соработка
Полска е наш голем поддржувач во процесот на интеграцијата во Европската Унија и земја со која нè поврзува долгогодишна добра соработка во делот на културата како на билатерален така и на мултилатерален план, истакна денеска министерот за култура на средбата со полскиот амбасадор Војциех Тицињски.
На средбата, како што соопшти Министерството за култура, било истакнато дека соработката се одвива во сите дејности на културата, што е потврдено и со повеќе документи, со што се овозможена поголема размена на уметници и реализација на проекти меѓу институциите во сите сфери на културата.
Исмаили и Тицињски истакнале дека во изминативе години голем број уметници од двете земји учествувале на реномирани фестивали и манифестации во Северна Македонија и во Полска.
Поетите од Полска традиционално учествуваат на поетската манифестација „Струшки вечери на поезијата“, а дела од македонски автори веќе се преведени на полски јазик во рамките на Конкурсот за финансирање преводи на репрезентативни дела од македонската книжевност од страна на странските издавачки куќи. Полските уметници се и редовни гости на реномираниот фестивал „Охридско лето“.
Исмаили и Тицињски изразиле уверување дека континуираната соработка и комуникација, како и реализацијата на конкретни проекти меѓу двете држави во сите дејности од областа на културата, ќе продолжат и во иднина.
Ново на Сител
-
Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцеларија со тројца вработени
-
До четврток облачно и дождливо, в петок пораст на температурата
-
Приватните специјализанти очекуваат новиот министер веднаш по назначувањето да ги повика на разговори
-
Тешка сообраќајка меѓу две возила, две лица повредени
-
Прегазена малолетничка во Штип
-
Куманово: Приведен 38 годишник кој допирал три малолетнички по телото
-
7-месечно бебе од Вевчани починало откако паднало на глава од креветче
-
Монструмот откако ја убил малата Данка седнал да руча во летниковецот