Исламската коалиција на Саудиска Арабија сака да се приклучи кон предводената од САД антиџихадистичка коалиција
Воената коалиција на арапски и муслимански земји, формирана од Саудиска Арабија, е подготвена да ги обедини напорите со предводената од САД коалиција во борбата против терористичката група „Исламска држава" во Сирија и Ирак. Ова денеска во етерот на телевизија „Скај њуз - Арабија" изјави советникот на министерот за одбрана на Кралството, генерал Ахмед Асири, пренесува ТАСС.
Според него „следната фаза за Исламската воена коалиција ќе биде помагање во ликвидирањето на `Исламска држава` во Рака и Мосул“, последните бастиони во Сирија и Ирак под контрола на екстремистите.
Асири ова го изјави, во период кога денеска во Ријад се одржува средба на генералштабовите на 14 земји кои учествуваат во коалицијата, предводена од Вашингтон.
Саудиска Арабија најави создавање на Исламската воена коалиција на 15 декември 2015 година. Во составот на воениот блок, создаден за борба против „Исламска држава" и светскиот тероризам, учествуваат 34 муслимански земји.
Ново на Сител
-
Извршен увид на местото на пожарот во Трубарево, продолжен притворот на четворицата осомничени
-
Две лица од Струга приведени поради обид за убиство на 52-годишник
-
Сончеви денови пред нас, но со посвежи утра
-
130 грама кокаин пронајдени во дом на 60-годишник во Тетово, уапсени две лица | ФОТО
-
Во јули исплатени 16,5 милиони евра за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д
-
Алиу: Комисијата ги анализира случаите на кардиохирургија, извештајот ќе биде јавно објавен
-
На ГП Табановце приведен белгиски државјанин, кај него е пронајдена марихуана
-
Совети за пријатни, а штедливи излети, патувања и авантури