-->
-->
„Исламска држава" зеде над 200 заложници во ирачката провинција Киркук
-->
Терористичката група „Исламска држава" зеде за заложници над 200 жители во ирачката провинција Киркук, поради нивната соработка со ирачките владини сили, соопшти иранската агенција Фарс, пренесува ТАСС.
Џихадисти ги обвиниле киднапираните дека на курдските сили за самоодбрана „пешмерга", на милицијата „Ал Хашд ал Шааби" и на ирачките сили за безбедност ја откривале локацијата на старешините на ИД.
На почетокот на неделата, ирачката армија и доброволните милиции презедоа нова офанзива против позициите на џихадисти во Киркук и по тешки борби ја вратија контролата на повеќе од 50 села.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Секој петти Македонец живее во сиромаштија
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска
-
Цело Скопје е затрупано со ѓубре, неизвесно е дали утре ќе возат автобусите на ЈСП
-
Тошковски очекува безбедни, фер и демократски избори
-
Пулмолошки скрининг утре и задутре во Трубарево
-
Владата ќе субвенционира филтри за оџаци
-
Поврзаноста на парацетамолот и аутизмот не е научно заснована, реагира лекарската фела по изјавата на Трамп