Исламска држава презеде одговорност за нападите во Москва

Џихадистичката милитантна група Исламска држава (ИД) денеска објави дека нејзини припадници ги извршиле вчерашните напади врз сообраќајната полиција во Москва, при кој двајца вооружени напаѓачи ранија двајца руски полицајци.
Инцидентот се случи во реонот Балашика во источниот дел на рускиот главен град.
Напаѓачите за кои руските безбедносни сили соопштија дека потекнуваат од Средна Азија, биле вооружени со огнено оружје и со секири. Двајјцата беа убиени во пресметката со полицијата.
Инцидентот се случи истиот ден кога безбедносните сили на Русија, застрелаа четворица осомничени милитанти, кои пукале врз полицијата за време на една рација во станбен блок во Санкт Петербург.
Русија веќе подолго време се соочува со екстремизмот во реонот на Северен Кавказ.
Според официјална Москва, најголемиот број од руските државјани кои се наоѓаат во редовите на џихадистите од ИД, потекнуваат од тој дел на земјата.
Бунтовниците во кавкаскиот регион се појавија по двете жестоки сидири во руската република Чеченија.
Ново на Сител
-

Специјализација за интерна и општа хирургија од новата академска година
-

Протест на културните работници
-

Петиција да се забранат социјалните мрежи за деца под 12 години во Македонија
-

Европските аеродроми бараат флексибилност во функционирањето на системот за влез/излез
-

Преглед на вестите од светот
-

Ниту еден сведок не дојде на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Ректорите на сите државни универзитети дадоа поддршка за новиот закон за високо образование
-

Во Штип 503 ученици ќе полагаат матура според строги критериуми
