-->
-->
Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Камбрилс
-->

Џихадистичката група Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за нападот во туристичкиот град Камбрилс, во шпанската област Каталонија, каде петмина терористи со автомобил „Ауди“ прегазија луѓе, пред да бидат убиени од полицијата, јавија француските медиуми.
Во нападот беа ранети еден полицаец и петмина минувачи.
Тешко ранета жена подоцна им подлегна на повредите во болница.
Исламска држава, која вчера ја презеде одговорноста и за нападот во Барселона, во кој загинаа 13 лица, во коминике лиферувано од нејзината агенција Амак, посочи дека „два ескадрона џихадисти“ ги извршија двата напада врз „собиралишта на крстоносците“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
