Исламска држава ја презеде одговорноста за нападите во Брисел (ДПЛ)
Терористичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за денешните терористички напади во Брисел, пренесоа светските агенции.
Екстремистите одговорноста ја презедоа со соопштение лиферувано преку агенцијата Амак, која важи за многу блиска до нив.
„Борци на Исламска држава извршија серија атентати со помош на појаси со експлозиви и експлозивни направи. Тие нападнаа аеродром и станици на метрото во центарот на белгиската престолнина Брисел - една земја која учествува во меѓународната коалиција против Исламска држава“, се наведува во соопштението, со кое ИД ја презеде одговорноста за нападите.
Терористите во истото коминике се заканија и со нови напади во Европа.
Британските медиуми пренесуваат дека поддржувачи на ИД на социјалните мрежи се фалеле со нападите во Брисел.
„ИД ќе ве натера илјада пати да се замислите пред повторно да помислите да убивате муслимани“, вели поддржувач на ИД на Твитер.
Ново на Сител
-
Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција
-
Истрага за обид за разбојништво во Битола
-
Од понеделник локален дожд и врнежи снег на планините
-
Протестен марш во Нови Сад „4.000 наставници, 4.000 чекори“
-
ЦУК: Во општините проодни скоро сите патни правци, се дочистуваат локалните земјени патишта
-
Прегазен 17-годишник во Битола, возачот побегнал
-
Охрид подготвен за чествување на Богојавленскиот водосвет
-
Павле Атанасијевиќ: И покрај поразот од Холандија, горд сум на нашата репрезентација