„Исламска држава“ изврши самоубиствен бомбашки напад во Кабул
Најмалку 29 лица загинаа во четири напади во три провинции во Авганистан, соопштија локалните власти.
Во главниот град Кабул загина најмалку едно лице, а шестмина се повредени во самоубиствен бомбашки напад кој се случи утрово, соопшти портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи Наџиб Даниш. Бомбата експлодирала во дипломатскиот кварт на главниот град во близина на објект на авганистанското разузнавање, и недалеку од американската Амбасада и други авганистански и меѓународни институции.
Одговорноста за нападот ја презема терористичката група „Исламска држава“ со објава на Интернет.
Во исто време, талибанците извршиле напад на пункт на авганистанската армија во реонот на Бала Булук во југозападната провинција Фарах, во кој биле убиени 25 војници.
Во јужната провинција Хелманд, загинале три лица, а 14 биле повредени во два напади во градот Лашкар Гах и во реонот Над Али.
Вкупно 10 од сите 14 реони на провинцијата Хелманд се под контрола на талибанците. Таму се произведува речиси половина од опиумот во Авганистан.
Ново на Сител
-
Завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори
-
Вучиќ: Најголемата вредност на Србија е нејзиниот народ и затоа мора да разговараме
-
Без струја дел од корисниците на ул. „Иван Манолев“ во Бутел и ул. „Тодор Чангов“ во Аеродром
-
Путин: Обидите на Западот да ја внесе Украина во НАТО се причина за „украинската криза“
-
Најмалку 250 загинати и над 500 повредени во силен земјотрес во Авганистан
-
Во Нови Сад се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица
-
Сончево со умерена облачност
-
Групна тепачка во Батинци, учествувале 11 лица, употребени и остри предмети