Исламска држава го зазеде гасното наоѓалиште Шаер во источна Сирија
Групата Исламска држава денеска го зазеде главното гасно наоѓалиште Шаер, во источна Сирија, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на бунтовнички извори и невладини организации.
Ова е прв борбен успех на џихадистите во реонот на Палмира, откако во март беа потиснати од градот.
Според агенцијата Амак, блиска на оваа џихадистичка група, борците воспоставиле контрола врз гасното наоѓалиште и неговите инсталации, каде биле разместени сириски војници. Џихадистите, притоа, убиле најмалку 30 војници и се здобиле со големо количество тешки орудија, вклучувајќи тенкови и ракети.
Сирискиот центар за мониторинг на човековите права потврди дека Исламска држава го зазела реонот на наоѓалиштето, што се наоѓа на околу 150 километри северозападно од Палмира. Настанот се случил по тридневни напади и покрај масовните воздушни напади за потиснување на џихадистите.
Ново на Сител
-
Tема на денот со Владимир Божиновски
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Партиите забрзано се подготвуваат за изборите
-
Сиљановска-Давкова: Изјавата на Ахмети е притисок врз судската власт
-
Четворица повредени од пожарот во Кочани кои беа на лекување во Турција цела вечер останале на аеродромот во Истанбул
-
СЗДСМ – Сите лица со дијабет тип 1 да имаат инсулински пумпи!
-
Претседателката: Обиди за бришење на македонскиот јазик во различни форми