-->
-->
Исламистите ликвидирале четири фудбалски ѕвезди од Сирија!
-->
Џихадистите на Исламската држава егзекутирале четворица популарни сириски фудбалери откако ги обвиниле дека се курдски шпиони.
Жртвите кои играле за клубот Ал Шабаб, биле обезглавени во Рака, пред толпа народ, меѓу кои имало и деца.
Сликите на суровото убиство биле објавени на Твитер на страницата “Raqqa is Being Slaughtered Silently”, каде биле наведени и имињата на жртвите: Осама Абу Кувајт, Ихсан ал Шувјак, Нехад ал Хусеин и Ахмед Ахавк.
Покрај четворицата фудбалери бил погубен и уште еден неидентификуван маж.
Исламската држава кога пред две години ја презеде власта во Рака ги забрани сите спортски натпреварувања и спортот воопшто.
Минатата година исламистите во ирачкиот град Мосул погубија 13 тинејџери поради тоа што го гледале натпреварот помеѓу Ирак и Јордан во Купот на Азија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат
-
Преглед на вестите од светот
-
Православните христијани го празнуваат Божиќ, денот на Христовото раѓање
-
Охрид исполнет со туристи за божиќните празници
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот