-->
-->
Ископ на канали и расчистување на сливници на патот од Кавадарци до село Дреново
-->
Ископ на канали и расчистување на сливници се реализира на патот од Кавадарци до село Дреново.
Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев денеска рече дека патиштата во надлежност на општината досега не биле одржувани.
- Бидејќи немаше буџетски средства за таа намена, оваа акција е донација од ЈА-МИ, сестра фирма на Кожувчанка, механизацијата е на располагање дванаесетина дена. Одводните канали се мошне важни за зачувувањето на патиштата и побезбедно движење, рече тој.
Притоа додаде дека по завршувањето на работата на овој пат, истата работа продолжува на патот од селото Ресава до соседното Бегниште.
Двете дестинации се по околу пет километри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Печатено издание на „Плејбој“ - прво по пет години
-
Почна дводневниот бојкот на супермаркетите во Црна Гора
-
Марсело ја заврши кариерата
-
ИОК со реакција за забраната на Трамп за трансродови лица во спортот
-
Средба на Управниот одбор на ЗЕЛС со министерката за финансии
-
Македонските кошаркарки убедливо поразени во Белград
-
Приведен 50-годишен маж од Тетово поради кражба
-
Обвинение за четири лица за изведбата на фасадата на Владата