-->
-->
ИСИС објави видео со терористите од Париз и нивните последни пораки!
-->

ИСИС објави видео снимка во која ги претставиле извршителите на нападот во Париз на 13. ноември минатата година, кога загинале 130 луѓе, и ѝ се заканиле на меѓународната коалиција која ги бомбардира нивните положи, посебно на Велика Британија.
Во снимката насловна како "Убијте ги каде и да ги видите", се споменуваат девет напаѓачи од Париз, четири државјани на Белгија, тројца од Франција и двајца од Ирак.
Зборувајќи на арапски и француски, неколку џихадисти на снимката навеле дека нивната порака се однесува на сите земји кои учествуваат во меѓународната коалиција, предводена од САД, која ги бомбардира нивните позиции во Ирак и Сирија од август 2014. година.
"Ова се последните пораки од деветте лавови на калифатот, кои се мобилизирани од своите дувла, за да ја фрлат цела Франција на колена", вели нараторот на снимката.
Reuters не можел да ја потврди автентичноста на снимката, а француското министерство за надворешни работи одбило да ја коментира.
Засега нема реакција од канцеларијата на премиерот, а британската агенција не успеала да дојде до службениците од министерството за внатрешни работи.
Снимката со наслов "Убијте ги каде и ги видите" можете да ја погледнете на овој линк. Исламската држава, која ја објавила снимката вчера вечер преку својот медиум "El Hayat", ги претставува своите борци преку обука и при убиства на заложници.
Исламистите во споменатата снимка објавиле и делови од нападите во Париз.
Исламската држава контролира големи делови од Сирија и Ирак, а редовно ги снима своите убиства како дел од пропагандата.
На снимката се појавува и портрет од британскиот премиер Дејвид Камерон, со порака на англиски јазик дека "секој што ќе им се приклучи на неверниците, ќе го стигне сабјата на џихадистите".
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
-

Приведен 45-годишен гостиварец - Ја принудувал сопругата на сексуални односи и физички ги малтретирал нивните деца
