-->
-->
Исинбаева: Суд во Лозана ја погреба атлетиката
-->

Руската атлетичарка и двојна олимписка шампионка во скок со стап Елена Исинбаева денеска изјави дека одлуката на Меѓународниот суд за спортска арбитража (ЦАС) да им забрани на руските атлетичари учество на Олимписките игри во Рио, претставува „погреб на атлетиката", пренесува новинската агенција Тас.
Од кабинетот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков изјавија дека одлуката на ЦАС за суспензијата на руските атлетичари е лоша вест и дека надлежните служби ќе ја разгледаат и анализираат ситуацијата.
-Може недвосмислено да се изрази жалење поради ваквата одлука које се однесува на сите наши атлетичари, поради тоа што колективна одговорност од наша страна тешко дека може да е прифатлива. Се работи за спортисти кои се подготвуваат за Олимписките игри, кои немаат никаква врска со допинг ниту со обвинувањата или сомневањата за допингување, изјави Дмитриј Пешков секретар во прес-службата на рускиот претседател.
Светската антидопинг комисија ја обвини Русија за системско допингување на спортистите, спонзорирано од државата и поради тоа Меѓународната атлетска федерација ја изрече суспензијата по што следуваше жалбата до ЦАС.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Штип останува без вода
-

Собраниски старт на 2 септември - неизвесно дали ДУИ ќе блокира со реплики
-

Опозицијата бара кривична одговорност за Китановиќ и Стоилковиќ, власта обвинува за хипокризија
-

10 пожари до пладне, на Пелистер се гаси од воздух и земја
-

Бубрежна хронична болест, гојазност и дијабет – коморбидитети кај починатите од западно-нилска треска
-

Камионџиите повторно на протест - 30 отсто од капацитетите веќе не сообраќаат редовно
-

Климатските промени сериозна закана за производството на храна и аграрот
-

Преглед на вестите од светот
