Исидора Бјелица го победи ракот

Српската писателка Исидора Бјелица која по четврти пат се соочи со ракот од оваа борба излезе како победник.
Таа со поддршката на нејзините најблиски, роднини и пријатели и оние кои ја почитуваат нејзината работа успеа да се избори со пеколната болест на 21. век.
После потресните сведоштва на Исадора конечно може да пишува за нешто убаво на социјалните мрежи.
- Јас сум само обична кревка мајка која решила поради своите деца да не се откажува и да верува и во невозможното. Фала ти Господе, фала на оние кои се молеле за мене, благодарам, напишала писателката.
Фотографијата за кратко време собра повеќе од 26.000 лајкови и Исидора е благодарна за тоа.
- Длабоко сум трогната од вашите коментари. Фала од дното на душата што ми дадовте толку верба и љубов и бевте покрај мене. Ова е мојата но и ваша победа, рекла писателката.
Ново на Сител
-

Уапсени 29 фудбалери во Турција поради обложување
-

Повторно затворен граничниот премин Евзони
-

Запленети девизи, цигари, употребуван мотор, алкохолни пијалоци, автобус со бункер, лекови и друго | ФОТО
-

Балкански рис со младенче снимен на Шар Планина | ВИДЕО
-

На Денот на албанското знаме не било истакнато државното знаме, постапка против Општина Струга
-

Кривична за лице-државен просветен инспектор, психички малтретирал наставничка за да напише изјава каква што тој сакал
-

Двајца ресенчани нападнале полицајци со тврди предмети
-

19-годишник пронајден починат во неговиот дом во скопско
