Ишингер: И изборните резултати може да се мета на хакери

Федералните парламентарни избори во Германија, закажани за август 2017 година, би можеле да бидат цел на кибер напади, смета Волфгант Ишингер, првиот човек на „Минхенската безбедносна конференција“.
Во колумна за весникот „Билд“, Ишингер, кој е еден од најпочитуваните германски дипломати и кој ја води најголемата светска конференција за безбедносни прашања што секоја година се одржува во Минхен, смета дека освен традиционалните закани, Германија се повеќе се сочува со нови видови закани.
- Надворешни сили како Исламската држава и Русија водат информативна војна која е насочена директно кон слабостите на нашата демократија. Кибер просторот се претвори во воено поле, пишува Ишингер и повикува да се воспостават меѓународни стандарди против кибер нападита.
Според Ишингер, како што јави дописникот на МИА од Берлин, овие хакерски упади може да се искоритат и да се влијае на резултатот на изборите и на распоредот на политичките сили,
Коментарите на Ишингер, кој бара меѓународното право да се употребува и „онлајн“, доаѓаат по извештаите дека руски хакери би можеле да стојат зад дигиталните напади врз германски политички партии, полиитчари и институции.
Ново на Сител
-

Преговорите меѓу САД и Иран започнуваат во Пакистан
-

Од попладне стапува на сила 32-часовно примирје меѓу Русија и Украина
-

Земјотрес од 3.1 степени по Рихтер во источна Македонија
-

Облачно и ветровито
-

ЕК: На над 27.000 лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола
-

Средба Мисајловски-Милер во Вашингтон: Инвестирањето во одбранбените капацитети останува наш врвен приоритет
-

Природно од Преспа со Билјана Петровска Митревска | Неформално | Sitel Podcast 144
-

Над 16 000 македонски државјани заминале преку „Богородица“ и „Табановце“ за едно деноноќие
