Исени: Безбедноста е темел на Националната развојна стратегија, безбедно и отпорно општество е предуслов за развој на државата

Безбедноста е темел на Националната развојна стратегија, безбедно и отпорно општество е предуслов за развој на држават, истакна заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени во своето обраќање на состанокот на Работниот комитет на Националната развојна стратегија, кој беше посветен на темата „Безбедно општество со фокус на внатрешната безбедносна политика“.
На настанот, како што соопшти МВР, присуствуваа и постојаниот претставник на УНДП, Армен Грегоријан, генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, претставници на меѓународните организации, институциите и експерти од релевантните области.
Исени во обраќањето ја нагласи суштинската улога на Министерството за внатрешни работи во креирањето и имплементацијата на безбедносните политики, кои се клучен дел од Националната развојна стратегија — документ што претставува долгорочна визија за развојот на државата во следните дваесет години.
-Безбедноста е темел на секој општествен напредок. Без стабилна држава нема услови за економски развој, социјален напредок, ниту ефективно владеење на правото. Нашата институција останува целосно посветена на исполнување на стратешките приоритети и на координацијата со сите чинители во системот на безбедност, истакна Исени.
Тој посочи дека МВР преку своите стратешки програми и преку Стратешкиот план 2025–2027, е длабоко вклучено во исполнување на националните цели за сигурно, отпорно и праведно општество, како и во спроведувањето на реформите поврзани со европските интеграции.
Исени ја нагласи и важноста на меѓународната соработка со ЕУ, НАТО, УНДП и другите партнери, потенцирајќи дека сите активности на МВР се водат од приоритетите дефинирани во Националната развојна стратегија.
Заменик министерот за внатрешни работи упати благодарност до УНДП за континуираната поддршка и додаде дека Министерството за внатрешни работи ќе продолжи да биде активен и одговорен партнер во имплементацијата на Националната развојна стратегија.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик секретарот Кристофер Ландау
-

Трамп: Русија ја изгуби контролата врз дизелот, оваа војна мора да престане
-

Три победи за Македонија на првиот ден од Светското првенство во кик-бокс – славеа Нешевски, Николов и Баснарков
-

Бобан Илиоски испиша историја – прв Македонец со договор во GLORY
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат - нови цени на горивата од полноќ
-

Мексиканец со лименка пиво удрил полицаец во глава додека го легитимирал на „Октобер фест“ во Ѓорче Петров
-

Граѓаните револтирани: Ја кренале рампата и паркирале на пешачката патека долж ѕидот на Зоолошката во Градски парк
-

Уште едно лице почина од западнонилска треска, 11 пациенти се на Инфективна
