Македонија
2. February 2023 - 16:42

Иселувањето е една од причините за недостиг на лекари во штипската болница

Штипската клиничка болница работи со 20 % помалку медицински персонал од пред 2 и пол години. 

Во текот на изминатиот период, по разни основи се одлеале околу 100 вработени од различни профили. Лекари недостасуваат на одделот за анестеџија, ортопедија, очни болести и одделот за инфективни болести, а медицински сестри и болничари недостасуваат на сите одделенија во болницата.

-Ситуацијата со кадарот е тешка и токму денес ги потпишав барањата за вработување кои што ќе бидат упатени до Министерството за здравство. Се надевам дека после 2 и пол години, конечно ќе бидат потпишани решенијата за примаљње. Буквално бараме од сите профили на вработени, вклучувајќи доктори, медицински сестри, акушерки, болничари, хигиеничари, електричари, значи се она што и недостасува а болницата, изјави Ален Георгијев, Директор на Клиничка болница - Штип.

Првично се бараат 50 вработувања, од кои најмногу или 15 се доктори. Дополнителни 55 лица се вработени со договор на дело, кои исто така чекаат согласност од страна на Министерството за финансии. 

-Доколку го добиеме одобрението за примање, сите профили што ги имаме, ќе гледаме да ги покриеме со луѓето кои што до сега работеле со договор на дело, без разлика во која категорија спаѓаат, дали се сестри, болничари или доктори, да бидат примени, додаде Георгијев.

На тој начин клиничка им се раздолжува за нивниот работен ангажман, а добива и веќе обучен кадар кој работел извесен период во болницата.