Исчистен кејот на реката Вардар во Велес
Екипи на ЈКП „Дерен“ го исчистија кејот на реката Вардар во Велес од купишта смет, лисја и други отпадоци.
Тие апелираат до граѓаните да не го нагрдуваат со смет ова пријатно рекреативно катче на велешани.
– Апелираме до поедини несовесни граѓани да не фрлаат смет покрај шеталиштето и на самиот брег со што ја нагрдуваат сликата на ова омилено шателиште на велешани покрај самата река и да не ги уништуваат клупите и останатата урбана опрема, повикуваат од ЈКП „Дервен“.
Инаку чистењето на кејот е во согласност со Годишната програма за јавна чистото на ЈКП „Дервен“.
Инаку „Дервенци“ претходно генерално го исчистија кејот во август, а на барање на Општина Велес.
Кејот на реката Вардар е долг 130 метри, а во негова непосредна близина е Споменикот на славните велешки „Гемиџии“, а тука се наоѓа и Мало мовче, кои освен за велешани се интересни за туристите кои доаѓаат во Велес.
-Затоа и грижата за чистотота на кејот на Вардар треба да биде и грижа на сите граѓани, апелираат од ЈКП „Дервен“.
Ново на Сител
-
Докторите се борат за сите пациенти
-
Муцунски во Србија
-
Продолжува истрагата за пожарот
-
4 пациенти заминаа за Атина
-
Продолжува истрагата за пожарот
-
Чистка на Тошковски во МВР: Разрешени сите командири и началници во Штип и Кочани
-
Инспекцијата влезе во Општина Кочани, бројот на притворени расте
-
Тема на денот со Љупчо Коцевски, Државен јавен обвинител