„Исчезнатиот“ кинески тајкун се наоѓа во полициски притвор
Еден од најбогатите Кинези Гуо Гуангчанг, сопственик и претседател на компанијата „Фосун Интернешенел“ од Шангај, за кого првично беше јавено дека исчезнал, се наоѓа во полициски притвор.
Неговата комапнија, која претходно објави дека раководството и вработените немаат никаков контакт со Гуангчанг, повеќе од 15 часови, подоцна потврди дека тој е во притвор, во полицијата, откако прифатил да соработува со властите.
По веста за „исчезнувањето„ објавена во специјалзираното списание за финансиско работење „Каиксин„ на кинеските социјални мрежи се појавија тврдења дека тајкунот не е исчезнат, туки дека е во полицијата.
На една од мрежите, „сведоци„ напишале дека бил виден во Шангај, во придружба на полицајци.
Во август оваа година, Гуангчанг беше поврзуван со еден случај на корупција во Кина, но засега не се знае зашто богатиот тајкун од вчера е притворен.
Неидентификуван извор близок до компанијата, изјавил за западни медиуми дека истрагата што сега се води, не е насочена против него.Овој извор, како и компанијата објаснуваат дека тој самиот и доброволно се пријавил да соработува со властите.
„Фосун„ е една од најголемите кинески компаии, вклучена во бројни бизниси низ целиот свет, во медиумите и комуникациите, во осигурувањето и во бизнисот со недвижен имот.
Според американското списание „Форбс„ вредноста на „Фосун„ се проценува на преку седум милијарди долари.
Во февруари годинава, оваа кинеска компанија ја купи познатата француска фирма за одмор и летување „Клуб Медитеране„.
Веста за „исчезнувањето„ на Гуо Гуангчанг, кој важи за кинески „ Ворен Бафет„ предизвика страв на берзата во Хонг Конг, која веднаш ги запре сите трансакции на „Фосун Интернешенел“.
Ново на Сител
-
ФИФА има намера да го прошири форматот на Светското клупско првенство
-
Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип
-
Затворен за сообраќај регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
Трамп: Зеленски би можел да ја заврши војната со Русија речиси веднаш
-
Македонските одбојкари изборија пласман на Европското првенство 2026
-
Облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа
-
Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!