-->
-->
Исчезната 56-годишна жена од Кривопаланечко
-->


Исчезната е 56-годишна жена, жител на селото Мождивњак, Кривопаланечко. Случајот го пријавила во полиција нејзината снаа во текот на вчерашниот ден, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
– Во Полициската станица денеска во 20:20 часот од општа надлежност, Крива Паланка, 52-годишната Л.М. од сели Мождивњак, Кривопаланечко, пријавила дека од семејната куќа се оддалечила нејзината золва Г.С., на возраст од 56 години, информира Живкица Чавдаревиќ, портпарол на СВР Куманово.
Според досегашните сознанија на полицијата, лицето и претходно се оддалечувало и се враќало во домот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
Тема на денот со Стево Пендаровски, поранешен претседател
-
Агелер: Уставните судии да бидат само судии
-
Мицкоски: Не се согласувам со мислењето на Коцевски дека не сторил тешка дисциплинска повреда
-
Мицкоски за паркингот на Клиника: Одлука на Влада нема, договор не е потпишан
-
Со законски измени против поскапување на производите
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
СДСМ на Осмомартовски марш