Македонија
12. October 2018 - 10:41

Исчезнаа две лица во Македонија - семејствата молат за помош

Македонската полиција на нозе, исчезнаа две лица на возраст од 16 и 33 години, семејствата молат за помош.

Како што соопштува полицијата, вчера  во 22:00 часот во Секторот за внатрешни работи Битола, Ш.А.(60) од село Братин Дол, битолско, пријавил дека истиот ден околу 14:00 часот од домот во непознат правец се оддалечила неговата ќерка Ј.А.(33). 

И второто исчезнување било пријавено вчера  во 21:20 часот во Полициската станица Кавадарци, М.Е.(40) од Кавадраци пријавил дека истиот ден околу 13:00 часот од домот во непознат правец се оддалечила неговата 16-годишна ќерка.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.