Македонија
13. October 2018 - 12:06

Исчезна жена од Крива Паланка

Семјство од Крива Паланка моли за помош, исчезна 48-годишна жена. Како што стои во билтенот на МВР, вчера  во 10.50 часот во Полициската станица Крива Паланка, Ј.Ѓ.(55) од село Кркља, кривопаланечко, пријавила дека на 11.10.2018 година од својот дом во непознат правец се оддалечила нејзината сестра Н.В.(48) од истото село.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.