Живот
11. November 2017 - 15:53

Исадора: Резултатите ми се лоши, морам да се повлечам и достоинствено да умрам

Писателката исадора Бјелица веќе со години води борба со пеколната болест, а сега нејзината состојба е најкритична. 
 
Таа за српските медиуми изјви дека резултатите и се многу лоши. 
 
- Јас знам дека Балканот е примитивна средина, каде се очекува кога некој има ваква дијагноза, да се повлече и да молчи. Јас морам да се повлечам и достоинствено да умрам, да не ме види никој таква. Тоа е Балкан, рекла таа. 
 
Писателката собрала сили и да се напали на сопствена сметка, поврзано со Неда Украден, која, потсетуваме, објави селфи со Уснија Реџепова додека таа беше на работ од смртта, поради што многумина поради тоа и ја зборат. 
 
- Имав многу тага, стрес и бомбардирања. Ми треба чудо, а јас сум доволно луда што верувам во чудо. Резултатите ми се такви што Неда Украден може да влета и да се фотографира со мен, рекла таа