Ирскиот премиер поднесе оставка
Ирскиот премиер Лео Варадкар поднесе оставка, но поради преговорите за формирање нова влада, тој ќе остане да ја извршува функцијата.
Тој синоќа му ја предал својата оставка на претседателот на државата Мајкл Хигинс.
Според ирскиот Устав, премиерот и владата ќе продолжат да ги исполнуваат своите должности се додека не се назначат нивни наследници, се наведува во владиното соопштение.
Преговорите за состав на нова влада се веројатно многу тешки, поради паритет во новиот ирски парламент. Билансот на моќ во Парламентот е таков што најмалку три партии ќе треба да постигнат договор за да формираат коалициска влада. На изборите кои се одржаа на 8 февруари ниту една партија не покажа убедлив резултат.
Партијата на Варадкар „Фин Гејл“ е трета политичка сила со 35 пратеници, но има само три помалку од првопласираната „Фин Фојл“ (38) и два помалку од втората „Шин Фејн“ (37), која се смета за политичко крило на Ирската републиканска армија (ИРА), паравоена организација што се спротивставува на британското присуство во Северна Ирска.
Фин Фојл и Фин Гејл ја отфрлија можноста за соработка со Шин Фејн, кој, пак, започна консултации со помалите левичарски партии со надеж дека ќе формираат широка коалиција. Но, шансите за успех се мали.
По последните парламентарни избори во 2016 година, беа потребни 70 дена да се формира коалициска влада во која беа вклучени и Фин Фојл и Фин Гејл.
Ново на Сител
-
Одложена седницата за надзор на АНБ
-
Јаневска: Училиштата да водат сметка за состојбата на учебниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани