-->
-->
Ирски војник загина во напад на конвој на ОН во Либан
-->
Ирски војник од мировната мисија на Обединетите нации во Бејрут е убиен откако бил отворен оган врз конвој од две оклопни возила, јави ирската војска, а пренесоа британските медиуми.
Уште еден ирски војник е тешко ранет и е опериран, додека други двајца војници се згрижени со полесни повреди.
„Со длабоко жалење ирската армија (Óglaigh na hÉireann) може да ја потврди смртта на еден наш мировник во сериозниот инцидент од изминатага ноќ во Либан“, се наведува во соопштението на ирската армија на Твитер.
Ирскиот министер за одбрана, Сајмон Ковени, кој е во Њујорк на состанок на Советот за безбедност на ОН, изјави дека денеска ќе се сретне со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за да разговара за инцидентот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тримесечно бебе почина во Шуто Оризари
-
Автоматска пушка недостасувала од магацин во Карпош, осомничена полициска службеничка
-
Македонската репрезентација со 4 гола позитива на полувремето против Катар
-
Клиника за радиологија и онкологија: На располагање сме за регистер во форма неопходна за ФЗО
-
60-годишник прегазил малолетничка во Скопско Поле
-
54-годишен наставник натепал ученик во село Џепчиште
-
Сведокот во бегство за убиството на Вања сам се предаде во полиција
-
Во штипскиот Основен суд закажано судењето за убиството врз 29 годишната Емилија Прошева