-->
-->
Ирански воен брод вплови во Црвеното Море
-->
Иранскиот воен брод „Алборз“ помина низ теснецот Баб ел Мандеб и навлезе во Црвеното Море, јави новинската агенција Тасним без да прецизира кога.
– Ирански воени бродови оперираат во регионот за да ги обезбедат поморските патишта од 2009 година, соопшти иранската агенција.
Јеменските Хути, поддржани од Иран, нападнаа повеќе од 20 бродови долж поморската рута во Црвеното Море во последните неколку недели, со цел да ја покажат својата поддршка за Хамас во војната со Израел.
Поради овие напади, многу големи бродски компании се одлучија за подолги и поскапи бродски рути околу ’ртот Добра Надеж во јужна Африка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тошковски одговори на обвинувањата
-
Мицкоски од Брисел: Македонија никому не оспорува ништо и не сакаме нас да нè оспоруваат
-
Нови пропусти и нови казни за Детска клиника и директорот по надзорот на ДСЗИ
-
Како се слави Свети Никола?
-
СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-
Младите масовно се иселуваат, истокот старее
-
Охрид во хумана мисија
-
Велосипедски патеки има, но не и доволна велосипедска култура