Ирански борач погубен поради убиство на антивладини протести
Иранскиот шампион во борење, 27-годишниот Навид Афкари, беше погубен откако беше осуден за убиство на припадник на обезбедувањето на антивладини протести во 2018 година, објавија локалните медиуми.
Според судот во провинцијата Фарс, Афкари бил погубен, откако правната постапка била спроведена до крај на инсистирање на родителите и семејството на жртвата. Тој беше осуден на две смртни казни.
Меѓународната асоцијација на спортисти (ВПА), која брои повеќе од 85.000 членови, претходно повика на исфрлање на Иран од сите спортски настани доколку властите во земјата го погубат Афкари.
Постоеше сомневање дека Афкари бил мачен за да даде лажно признание.
Активисти за човекови права тврдат дека борачот протестирал мирно, а неговиот правен тим тврди дека нема докази за неговата вина. Иранското судство ги отфрли обвинувањата за тортура и објасни дека Афкари „уби невин човек со нож и го призна пред судот“.
Ново на Сител
-

Фонд на ПИОМ: Исплатата на пензиите не е загрозена, тие ќе пристигаат секој први во месецот
-

Црногорската полиција разби мрежа на проруски платеници, уапсен државјанин на БиХ со 1,5 милион евра
-

Парното греење поскапува 1 декември, сметките повисоки за околу 130 денари
-

УХМР: Зимата 2025/2026 ќе биде малку потопла од просекот, со просечни врнежи и изразени месечни осцилации
-

Мицкоски: Нема да има ценовен шок за домаќинствата, Владата ќе продолжи да ја субвенционира цената на струјата
-

Три лица приведени поради закани кон кавадарчанец и член на неговото семејство
-

Помалиот син на премиерот е во добра здравствена состојба по труењето во ОУ „Димо Хаџи Димов“
-

Во октомври годишен раст на каматната стапка кај депозитите и пад кај кредитите
