Иранската револуционерна гарда ги ослободи американаките морнари

Иранската револуционерна гарда претпладнево ги ослободи десетмината заробени американаски морнри, соопшти државната телевизија на Иран.
Во соопштението издадено во Техеран се вели дека „групата“ била ослободена во меѓународни води.
Дестмината морнари беа заробени од Иранската револуционерна гарда откако вчера еден од двата патролни чамци на кои биле деветмина мажи и една жена по грешка на навигацискиот систем навлегоа во иранските територијални води.
Инцидентот се случи на неколку часови пред последното обраќање на претседателот на САД, Барак Обама за „состојбите на нацијата“.
Бродовите и морнарите, кои учествувале во обука во Заливот, беа одведени на островот Фарси.
За инцидентот, телефонски разговарале американскиот државен секретар Џон Кери и неговиот ирански колега Џавад Зариф.
Во денешното иранско соопштение се вели дека морнарите се ослободени по извинувањето на САД за ненамерниот инцидент.
Извинувањето го спомена генералот на Иранската револуционерна гарда, Али Фадави кој инцидентот и грешката на американските морнари ја оквалификува како „непрофсионалност“.
Од американска страна нема потврда дека државниот секретар Кери им се извинил на иранските власти за инцидентот во Персискиот Залив.
Ново на Сител
-

Политички судир за фузијата на градинките во Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
