Иранците ќе разговараат со ФИФА за ситуацијата околу натпреварот со ЛГБТ-тематика

Иранската фудбалска федерација ќе разговара со Светската фудбалска федерација (ФИФА) за ситуацијата околу натпреварот со ЛГБТ-тематика против Египет на Светското првенство во 2026 година.
Потсетување, пред жрепката за Светското првенство во 2026 година, Организацискиот комитет на Сиетл објави дека натпреварот на турнирот закажан за 26 јуни ќе биде натпревар со ЛГБТ-тематика. Во времето на објавувањето, не беше познато кои екипи ќе играат на натпреварот. По жрепката, беше објавено дека Иран и Египет ќе играат во Сиетл тој ден.
Хомосексуалните односи се забранети во Египет, додека во Иран, максималната казна за хомосексуални односи е смртна казна.
Според „Tasnim“, Иранската фудбалска федерација има намера да испрати писмо до ФИФА за да најде излез од оваа ситуација, а исто така да разјасни зошто вакви теми се активираат за време на фудбалските натпревари.
МИА
Ново на Сител
-

Експерти: Во политичката криза темата за Македонија не е приоритет за Бугарија
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Софија
-

Се подготвува извештајот до УНЕСКО
-

Филипче на средба со коалиционите партнери
-

Бугарија пред нови избори
-

53-годишна жена од гостиварско киднапирана, па убиена и закопана во с. Неготино
-

Вчера во прилепската болница е примено новороденче старо 8 дена без знаци на живот
-

Safe City и официјално стартува од 1 февруари - Ќе има и праг на толеранција
